07:50 - 8 април, 2026

Прва фотографија од сопругот на Деа Ѓурѓевиќ: Запознајте го Лазар, нејзината љубов од училишните денови

Популарната водителка Деа Ѓурѓевиќ на 22 февруари го кажа судбоносното „да“ со својот партнер Лазар, со кој истовремено очекува и ќеркичка.

Тие го крунисаа својот однос во тајна свадба, а сега се појавија и првите фотографии од интимната церемонија, на кои јасно се гледа колку Деа блеска и ужива во еден од најубавите денови во животот.

На фотографиите се забележуваат нивните специјално изработени венчални прстени од комбинација на бело и жолто злато, како и нивната среќа и љубов еден кон друг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pink.rs (@pink.rs)

„Одлучивме нашиот брак да го започнеме тивко, со најблиските. Беше прекрасно, токму онака како што посакавме – мирно, искрено и полно со љубов“, изјави Деа за „Пинк“ Таа исто така го откри и полот на бебето.

Големата прослава е планирана по раѓањето на нивната ќеркичка, кога радоста ќе ја споделат со поширокото семејство и пријателите.

На венчавката, Деа имаше за кума својата долгогодишна пријателка Данијела Вујичиќ, која ја сподели и првата фотографија од церемонијата:
„Денес официјално сум кума на мојата драга Деа… Од денес госпоѓа Петровиќ“, напиша Данијела.

Особено емотивен момент беше и оној со Деината мајка Нена, која едвај чека да го прегрне своето внуче.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....