6.8 C
Скопје
05:07 - 31 март, 2026

Прва фотографија на Злата Петровиќ и „снаата“ Ена Чолиќ: Бадник го поминаа заедно во домот на пејачката

Поранешните реалити учесници Ена Чолиќ и Јован Пејиќ Пеја го слават Бадник во кругот на најмилите. Ена на својот Инстаграм профил објави фотографии од семејниот дом на пејачката Злата Петровиќ, каде го прославиле празникот.

Познато е дека односот меѓу пејачката Злата Петровиќ и нејзината снајка Ена по завршувањето на „Елита“ бил „затегнат“, но како што може да се забележи, двете ги решиле сите несогласувања.

Ена и Пеја одлучиле Бадниковата вечер да ја поминат во кругот на семејството на Пеја, па првата фотографија што се појави на Инстаграм беше токму со свекрвата Злата, што многумина ги израдува. Двете позираа прегрнати и со насмевка на лицето.

Потоа, Ена објави и заедничка фотографија каде се сите па дури и нејзиниот син Матија.

Злата неодамна зборуваше за снајката Ена:

„Не беше потребно да глумиме нешто. Сè дојде на свое место. Кога се погледне на почетокот на случувањата, ни за нив не беше лесно, па реагиравме од момент до момент. Веднаш ја препознав Ена – многу ми е слична. Рано се бореше со животот, рано доби дете. Некаде нејзиниот пат е многу сличен на мојот. Веднаш ја препознав и не погрешив. Кога првпат се запознавме, не зборувавме за минатото, туку се прегрнавме и се бакнавме. Како да ја изгубив некаде, а сега ја најдов“, изјави Злата.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....