8.8 C
Скопје
19:50 - 15 март, 2026

Проговори за зетот и за снаата: Адријана Алачки со ретка семејна приказна

Андријана Алачки за првпат се отвори за своето семејство и раскажа приказна за зетот Игор и снаата Емилија и за тоа во каква релација е со нив.

Пејачката и водителка на емисиите „Везилка“ и „Вкусот на традицијата“ гостуваше во емисијата „Фактор среќа“ која ја води Ирена Спировска и зборуваше за тоа што е за неа среќа, па го спомена зетот Игор Димовски познат по проектот „Пауза за ракија“ и снаата Емилија.

Ирена Спировска и Адријана Алачки Фото/Јутјуб принтскрин

-Главниот фактор за мојата животна среќа се само моите деца и нивните семејства. Затоа што, гледајќи ги нив, веќе се возрасни Грациела и Благоја, со свои деца, со свои семејства, гледајќи ги нив кај мене среќата не се дуплира, туку милион пати се дуплира.

Јас ги доживувам нивните среќи, нивните радости, тоа ме одржува во живот. Затоа што наутро кога ќе станам, без да ги слушнам на телефон дека се добри, дека сѐ е во ред мојот ден не може да започне. Потоа, нашите гледачи се развојот на мојата среќа, затоа што сум секојдневно со нив,

Среќна ме направија родендените на мојата внука постара Јана, мојот помал внук Јован, успесите на мојата снаа Емилија, мојот зет Игор, на моите деца.

Мене тоа ми создава една таква сликовита бајка, за да можам тоа да ги апсорбирам и да добијам една таква енергија и да ги правам среќни и другите луѓе околу мене.  И тоа е фактор среќа- рече Адријана Алачки во емисијата „Фактор среќа“. 

 

 

Слични објави

(Фото) Новата објава на Дарко Лазиќ по погребот на неговиот брат е срцепарателна: „Не дозволувајте никој кој не е во вашите чевли…“

apostolova

Тони Цетински покрај богатата кариера има и богат љубовен живот: Трипати кажал „да“

Еспресо

„Ѝ посакувам…“ Поранешната снаа на Зорица Брунцлик проговори за здравјето на пејачката: „Таа е баба на моите деца“

Еспресо

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо
Се вчитува....