2.8 C
Скопје
20:15 - 18 февруари, 2026

Принцот Хари го обвини „Дејли меил“ за спонтан абортус на Меган: „Спонтаниот абортус беше предизвикан од тоа што се обидуваа да ѝ го направат!“

Принцот Хари тврди дека Меган Маркл во 2020 година имала спонтан абортус поради вина на новинарите, известува Пејџ сикс.

„Верувам дека мојата сопруга имаше спонтан абортус поради она што го направи Дејли меил“, рече принцот Хари во документарниот филм на Нетфликс, „Хари и Меган“.

Војводата од Сасекс мислеше на долгата правна битка што парот ја започна против весникот Дејли Меил во 2019 година поради објавувањето на личното писмо што Меган Маркл му го напишала на нејзиниот татко Томас.

Според Маркл, таа доживеала спонтан абортус првото утро во замокот во Санта Барбара во јули 2020 година.

„Значи, дали знаеме со апсолутна сигурност дека спонтан абортус е предизвикан од ова? Секако дека не знаеме, но со оглед на стресот што го предизвикаа, недостатокот на сон во времето на бременоста, можам да кажам дека спонтан абортус беше предизвикан од тоа што се обидуваа да ѝ го направат“, изјави принцот Хари.

Адвокатот на Војводите од Сасекс, Џени Афија, потврди дека за Меган Маркл ова судење било трауматично искуство.

Слични објави

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.

Малечко девојче го украде шоуто на концертот на Нина Бадриќ: Ѝ даде неочекуван подарок

Еспресо

Јелена искрено проговори за почетоците со Слоба Радановиќ: Имав анксиозност, не верував дека постојат такви лудаци

Е.А.

(Фото) Романтично дежа ву: Парис Хилтон повторно запросена од сопругот, овојпат пред нивните деца на плажа во Туркс и Кајкос

Еспресо

Конфликт на „Пинкови ѕвезди“: Бојана Лазиќ го прекина шоуто по остриот настап на Десингерица

Еспресо

Познатиот српски јутјубер уапсен по несреќата: Пијан предизвикал судир! Се огласи неговиот адвокат

Еспресо
Се вчитува....