12:41 - 31 јануари, 2026

Принцезата Лилибет наполни 3 години: Експерт откри пет факти за ќерката на Хари и Меган

Принцот Хари и Меган Маркл официјално не ја претставија својата ќерка на светот по нејзиното раѓање. Според Џејмс Крафорд-Смит, како принцеза по крв, Лилибет би можела да го наследи тронот.

Принцот Хари и Меган Маркл вчера, на 4 јуни, го прославија третиот роденден на нивната ќерка принцезата Лилибет Дијана. Кралскиот експерт Џејмс Крафорд-Смит сподели малку познати факти за најмладата внука на кралот на Велика Британија Чарлс Трети, пишува Њусвик.

Принцезата е родена во 2021 година во болницата Санта Барбара во Калифорнија во 11:40 часот по Пацифичко време со тежина од 3 килограми и 487 грама. Лилибет не е родена како принцеза поради правилата поставени од кралот Џорџ V во 1917 година. Меѓутоа, кога нејзината прабаба, кралицата Елизабета Втора почина во 2022 година, а нејзиниот дедо, кралот Чарлс III стана крал, Лилибет и нејзиниот брат Арчи добија право да ги користат овие титули. За првпат, името „Принцезата Лилибет“ официјално ѝ беше дадено на девојчето во март 2023 година, по нејзиното крштевање во Калифорнија.

„Американска“ принцеза

Лилибет стана првата британска крвна принцеза родена во САД. Лилибет не е првата членка на големото кралско семејство која е родена во Америка, но таа е прва со титулата принцеза. Се верува дека Лилибет досега ја посетила Велка Британија само еднаш, за прославата на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета во јуни 2022 година.

Име како почит

Лилибет Дијана Маунтбатен-Виндзор (сега позната едноставно како принцезата Лилибет од Сасекс) е именувана по две од најпознатите кралски жени од 20 век. Нејзиното име „Лилибет“ и оддава почит на нејзината прабаба, кралицата Елизабета Втора, чиј личен семеен прекар „Лилибет“ го измислило самото кралско семејство во 1920-тите кога таа не можела целосно да го изговори своето име како дете. „Дијана“ е почит на бабата на принцезата, покојната принцеза Дијана. Името на Лилибет е тесно поврзано со нејзината роднина, принцезата Шарлот, чии средни имиња се Елизабет и Дијана.

Кралска линија на наследување на тронот

По смртта на кралицата Елизабета Втора во 2022 година, линијата на наследување на британскиот престол беше променета, при што членовите на кралското семејство во ред за наследување на круната се искачија за една позиција. Како принцеза по крв (кралско право по раѓање), Лилибет може да го наследи тронот. Принцезата моментално е седма во линијата на наследување на тронот, зад принцот Вилијам, принцот Џорџ, принцезата Шарлот, принцот Луј и принцот Арчи.

Познат кум

Лилибет има многу познат кум, за разлика од нејзиниот брат, принцот Арчи. Во документарната серија на Нетфликс од 2022 година „Хари и Меган“, холивудскиот продуцент и актер Тајлер Пери, откри дека Хари и Меган побарале од него да биде кум на нивната ќерка.

Пери стана пријател со парот кога им понуди да го користат неговиот дом во Беверли Хилс по нивното одвојување од монархијата во 2020 година и за време на пандемијата на ковид. Тој, исто така, предложи да користат безбедносни служби кога владата на Велика Британија ги отстрани јавно финансираните телохранители. Обраќајќи им се на гледачите на Нетфликс, Пери рече дека е „почестен“ што го прифатил барањето на Хари и Меган.

„Танцувачка“ принцеза

За време на посетата на Нигерија во мај, Меган откри интересен факт за нејзината ќерка. Војвотката од Сасекс изјави дека „танцувањето е омилена забава на Лилибет“. Љубовта кон танцот е длабоко вкоренета во семејството на принцезата, бидејќи нејзината баба, принцезата Дијана, беше страствена обожавателка на балетот, учествувајќи во него како дете и редовно поддржувајќи добротворни организации за танц по нејзината венчавка со кралот Чарлс во 1981 година.

Слични објави

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо
Се вчитува....