14:33 - 5 април, 2026

Принц од Врање и Гоца Тржан на „Охрид фест“ ќе пеат заедно: „Македонската музика ми е омилена од дете“

На интернационалниот музички фестивал „Охрид-фест 2023“ кој се очекува да се одржи на 2 септември, меѓу учесниците ќе биде и популарната српска пејачка Гоца Тржан, како и младиот поп-пејач Стефан Здравковиќ, попознат како Принц од Врање кого го паметиме по годинешниот настап на српскиот Избор на песна за Евровизија, кој за жал не успеа да се пласира за евровизиското шоу.

На охридскиот фестивал, Гоца и Принц од Врање ќе се претстават со песната „Мирно“, потпишана од Душан Бачиќ и од Дејан Николиќ.

– Македонија има богата музичка традиција и љубов кон уметноста, верувам дека ќе нè пречека и ќе нè испрати со голема радост. Со оглед на тоа што сум родум од Врање, македонската музика, за мене, уште од дете, е доста блиска, мила и позната. Татко ми знаеше да ми ја пее „Зајди, зајди јасно сонце“, а јас потоа станав навистина голем обожавател на легендарниот Тоше Проески – вели  Принц од Врање.

Слични објави

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.

(Видео) Жешкиот танц на Теа Таировиќ ја „полуде“ публиката: Скокајќи боса на сцената, а потоа во костум со реси, ги затресе колковите

Еспресо

(Фото) „Добредојдовте дома“: Милица Тодоровиќ отиде во родниот Крушевац со синот Богдан пред Велигден

Еспресо

Хороскоп за 5 април: Стрелците ќе бидат пријатно изненадени од саканата личност

apostolova
Се вчитува....