21.8 C
Скопје
18:17 - 5 април, 2026

Познатата српска пејачка откри детали за тешката операција: Ја делеле две минути од смртта, лекарот реагирал со молскавична брзина

Пејачката Зорица Марковиќ неодамна проговори за тешката операција на срцето која ја имала пред повеќе од десет години, а во таа прилика откри дека неколку минути ја делеле од сигурна смрт.

Како што тогаш изјави Зорица, на крајот сè поминало добро благодарение на брзата реакција на лекарите.

-Таа операција беше толку тешка што буквално две минути ме делеа од смртта. Докторот истрча кон мене, тимот реагираше со молскавична брзина и ме спасија. Свесна сум колку беше сериозна ситуацијата, но Господ неколку пати ме спаси – изјавила пејачката.

Марковиќ истакна дека во тие моменти размислувала само за синовите и дека дала сè од себе да закрепне што е можно повеќе за да може да биде со нив.

– Знам дека Господ е секогаш со мене и дека не ме напушти. Тоа е само доказ дека сум добар човек. Знам што сум направила во животот и на кого сум помогнала и како. Моите синови се големи, но знам колку им значам, затоа живеам за нив. Се борам и знам дека тоа е голема работа за нив – додала Зорица.

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....