12.8 C
Скопје
16:27 - 23 март, 2026

Познат водител на Би-Би-Си си ја уништи кариерата, суспендиран е поради секс скандал со малолетник

Британската јавна телевизија „Би-Би-Си“ ги истражува обвинувањата за несоодветно сексуално однесување од страна на еден од нивните водители по пишувањата на магазинот „Сан“ . Исто така, оттаму потврдија дека водителот е суспендиран.

„Би-Би-Си ги сфаќа сериозно обвинувањата и ние имаме робустна интерна процедура за да се справиме проактивно со ваквите наводи. Важно е овие работи да се третираат фер и внимателно. Можеме да потврдиме дека машки член на редакцијата е суспендиран“, соопшти денеска „Би-Би-Си“.

Во петокот, британскиот весник „Сан“ објави сведоштво на жена која обвини неименуван водител на „Би-Би-Си“ дека му плаќал на нејзиното 17-годишно дете за сексуално експлицитни фотографии.

Веста доведе до тоа неколку водители на „Би-Би-Си“ како Гери Линекер, Рајлен Кларк и Џереми Вајн да излезат со сооштенија дека не се предмет на написот на „Сан“.

Слични објави

Почина ѕвездата на сериите „Натприродно“ и „Јас зомби“ на 51 година од рак на дојка

Еспресо

(Фото) Ден низ неговите очи: Ивона Јо на романтично патување со сопругот

Еспресо

(Фото) Катарина Лазиќ покажа како изгледа денот во семејниот дом по трагедијата

Еспресо

(Видео) Сузана Гавазова: „Јас ја имам главната моќ дома“

Еспресо

Бундите ги чувала во фрижидер, сега ги распродава чевлите! Сека Алексиќ направила „чистка“ на плакарот

Еспресо

Се омажив млада и не сакав да пеам дур не порасне синот: Даниела Темелковска со емотивна приказна

Еспресо
Се вчитува....