7.8 C
Скопје
01:07 - 31 март, 2026

Последното нешто што го направил Зафир Хаџиманов пред да почине: Синот Васил ја раскажа приказната

Емотивен спомен на својот татко, легендарниот Зафир Хаџиманов, сподели неговиот син, музичарот Ваисил Хаџиманов. Зафир Хаџиманов почина од ковид-19 на 27 март во 2021 година во Белград.

– „Камен“ е последниот текст на мојот татко, Зафир Хаџиманов, за кој ја компонирав оваа музика. Голема благодарност до сите што учествуваа во нејзиното создавање. Зафир Хаџиманов – текст,
Васил Хаџиманов – композиција, аранжман, пијано и клавијатури, Никола Ристановски – вокал
клапа „Асса воче“, Марта Хаџиманов, Наташа Хаџиманов – придружен вокал, Свебор Шакиќ – гитара,
Виктор Филиповски – тапани, Ратко Даутовски – перкусии, Марко Периќ – продуцент,
Ангел Ќосев – тонски снимател на вокалите, Владимир Марас – тонски снимател на клапата, снимено во „Студио м“, Подгорица, Иван Вучковиќ – монтажа, фотографија – Милан Јосиповиќ –  напиша Васил Хаџиманов, а потоа сподели текст од песната што ја изведува Никола Ристановски.

Фото / Фејсбук принтскрин

Васил Хаџиманов и неговата ќерка Марта Хаџиманов, која е џез и оперска пејачка, учествуваа на концертот во негова чест, што се одржи на 17 декември во 2023 година во Филхармонија. Концертот го организираше „Авалон“ и беше насловен „Во слава на Зафир Хаџиманов“.

Фото / Фејсбук

На концертот пееја и Калиопи, Сашо Гигов-Гиш , џез-пејачот од Белград, Виктор Тумбас, а меѓу учесниците беа актерот Никола Ристановски и режисерот и актер Коле Ангеловски. Пееше и легендарната Бисера Велетанлиќ, тетката на Васил, сестра на неговата мајка Сенка.

За љубовната приказна на Зафир и Сенка Хаџиманови е многу пишувано, а нивната љубов најдобро ја опиша дуетот „Љуби ме и главата горе“, еден од најубавите евергрини во регионот.

Зафир Хаџиманов со внуката Марта Фото / Фејсбук

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....