6.8 C
Скопје
02:34 - 31 март, 2026

Поранешниот тапанар ја разобличи Сека: Четири дена зад решетки поради настап во Цирих!

Поранешниот тапанар на Сека Алексиќ, Огњен Мартиновиќ, реши да ја открие својата страна од приказната за инцидентот во Цирих минатата година, кога пејачката и целиот нејзин бенд беа приведени поради нерегуларни работни дозволи.

Огњен на Инстаграм напиша дека одговорноста ја сноси сопругот и менаџер на Сека, Вељко Пиљкиќ, кој закажал настап во локал каде полицијата претходно веќе вршела рации.

„Без работни дозволи нè испратија сите заедно со Сека. По настапот не уапсија, четири дена не држеа во притвор и ни забранија влез во Шенген зоната на две години“, истакна Мартиновиќ.

Тој додаде дека целиот бенд бил исфрлен без никаква надокнада, а секој поединечно е евидентиран како „нелегален имигрант“.

„Сека патува бидејќи има австриски документи, а ние ќе имаме проблем со визи и понатаму“, напиша тој.

Кога случајот првпат се појави во медиумите, Алексиќ изјави дека полицијата само ја земала нејзината изјава и му наплатила казна на сопственикот на клубот. Таа тврдела дека задржувањето траело само неколку часа, но сведоштвата на нејзиниот поранешен тапанар и очевидци велат дека станувало збор за четиридневен притвор.

Ова не е единствен судир на Сека со законот – во 2011 година беше уапсена поради пребрзо возење на автопатот Белград – Нови Сад, кога со својот „мерцедес“ возела со над 200 км/ч. Тогаш доби парична казна од 100.000 динари, која веднаш ја плати.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....