7.8 C
Скопје
21:49 - 16 март, 2026

Полазуваат морници: Ова е последната објава на Драган Б. Костиќ

Носталгичен и тажен е последниот статус кој Драган Б. Костиќ го објавил својот фејсбук-профил. Легендарниот радиоводител почина по кусо боледување на 20 декември, на 75 години.
-АХ, КАВЕРВИЛ!!!!!!! Малку луѓе знаат дека направив нешто помалку од илјада емисии Кавервил, емитувани секој ден освен сабота и недела, не на едно туку на четиринаесет радија ширум Македонија.
Според мене, најтешката за правење, но и најдрагата емисија. Не верувам дека во догледно време ќе биде, во таков квантитативен, квалитативен габарит направено нешто слично. Зошто ја нема веќе? Што би рекол Горан Михајловски; „Читањето е бесплатно, ама новинарството не е“.
Згора ниту една радио таница не пројавила желба за соработка, не само за Кавервил, туку ни за Диско селектор, Заборави ако можеш, Чартфајл… Претпоставувам, сите имаат подобри емисии од спомнатите.
Меѓу сите емисии Кавервил, имаше и неколку во видео издание. Годинава се навршија десет години од смрта на Димитар Масевски (23 мај 2015) повод за реприза на Кавервил емисијата за една негова песна.
Ако од оваа емисија не ве пролазат морници, тогаш јас сум ја згрешил професијата, а вие фејсбук-страната. Се гордеам за оваа (и ваквите емисии), не можејќи, а да не го спомнам Александар Митевски, извонреден композитор, пејач, продуцент, но и виспрен организатор и монтажер и драг соработник.
Опуштете се, не трае долго, а кога ќе заврши, ќе зажалите што траела толку кусо. АХ, КАВЕРВИЛ!!!!!!- напишал Драган Б. Костиќ на 10 август годинава, пред здравствените проблеми.

Слични објави

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.

Гоца Тржан јавно ѝ призна на хрватската пејачка: Со години те гледам гола и се „палам“ на тебе!

Еспресо

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо
Се вчитува....