21:55 - 5 април, 2026

Почина сестрата на Биља Крстиќ: „Немав поим каква болка ме чека“

Почина сестрата на пејачката Биља Крстиќ.

Биља Крстиќ на Фејсбук се прости од најстарата сестра.

-Тивко си замина, нашата најстара сестра Мира. Утрово, без неа, сликите само се редат, секое сеќавање станува бран што истовремено задушува и прегрнува – напиша Биља.

Како што додаде, не може да се помири со фактот дека нејзината сестра починала.

– Нашата љубов, Мики, е со тебе и дише таму каде што си ти. Иванка и јас те сакаме – напиша Биља и додаде неколку емотикони со скршено срце.

Луѓето масовно изразуваат сочувство, а пејачкатае неутешна поради оваа загуба.

Другата сестра на Крстиќ исто така почина претходно, а таа ја опиша болката со овие зборови:

– Заминувањата се многу тешки и болни, особено оние на најблиските. Велат дека времето лечи сè, но тоа не е вистина. Ги загубив родителите многу рано и мислев дека тоа е најголемата тага што ја чувствував, не знаејќи дека наскоро ќе доживеам уште поголем шок кога ќе замине и мојата сестра Вера. Серијата тажни настани продолжува и така пред речиси една година, Милица, Ленка и јас го испративме Тика – нивниот татко кого го обожаваа и кој им беше голема поддршка.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....