1.8 C
Скопје
00:58 - 11 март, 2026

По смртта на младата Амини сè повеќе жени во Иран не носат хиџаб, власта ќе ги идентификува со камери

Иранските власти поставуваат камери на јавни места и патишта за да ги идентификуваат и казнат жените кои не се придржуваат до кодексот на облекување, соопшти денеска тамошната полиција, пренесува Радио Слободна Европа.

Откако ќе бидат идентификувани, тие ќе добијат „СМС пораки со предупредување за последиците“, се наведува во полициското соопштение.

Целта на овој потег е „спречување на отпорот кон Законот за хиџаб“, се наведува во соопштението, во кое се додава дека таквиот отпор го нарушува духовниот имиџ на земјата и шири несигурност.

Сè поголем број Иранки престанаа да носат хиџаб по смртта на 22-годишната Махша Амини, која почина во притвор на полицијата за морал во септември минатата година.

Амини беше приведена поради наводно кршење на правилата за хиџаб. Безбедносните сили насилно ги задушија протестите по нејзината смрт.

Жени без хиџаб сè уште можат да се видат во трговски центри, ресторани, продавници и на улиците низ земјата. Видеа на жени без хиџаб кои се спротивставуваат на полицијата за морал ги преплавија социјалните мрежи.

Во полициското соопштение, бизнисмените се повикуваат „сериозно да го следат почитувањето на општествените норми со примена на нивна инспекција“.

Според иранскиот исламски шеријатски закон, кој беше наметнат по револуцијата во 1979 година, жените се обврзани да ја покриваат косата и да носат долга, широка облека за да ја покријат својата фигура. Оние кои го прекршуваат законот се соочуваат со јавна опомена, парична казна или апсење.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....