21:09 - 5 април, 2026

Пејачката на „Магазин“ поминала три циклуси на хемотерапија: „Не се предадов“

Хрватската пејачка Андреа Шушњара има уште еден настап во „Магазин“ и ќе влезе во историјата како пејачка со најдолг стаж во оваа легендарна група.

Музичката кариера ја започна многу рано, покажувајќи го својот талент уште како дете. Кога имала само 16 години, веќе била забележана од Тончи Хуљиќ. Имено, Шушњара потоа одела во музичко училиште со неговата ќерка Хана.

Пошироката јавност ја забележа во 2004 година кога се натпреваруваше на Дора, хрватскиот избор за песна на Евровизија, со песната „Ноа“, освојувајќи високо второ место. Ова ѝ го донесе првиот голем успех и ѝ овозможи да се етаблира на музичката сцена.

Пет години подоцна, таа повторно се испроба во Дора, со Игор Цукров и песната „Лијепа Тена“. Тие победија и ја претставуваа Хрватска на Евровизија во Русија.

Таа стана пејачка на групата „Магазин“ во 2010 година, заменувајќи ја Ивана Ковач, ќерката на легендарниот Мишо Ковач, која таа година реши да започне соло кариера.

Помалку е познато дека Андреа во 2006 година се натпреварувала на аудиција за пејачката на „Магазин“, но поради здравствената состојба морала да се откаже од посериозна кариера.

„Беше многу шокантно, но немав друг избор освен да прифатам. Следеа операции, и цело лето на хемотерапија. Фала му на Бога, преживеав, а научив и морална лекција, целосно се променив како личност. Денес мислам многу посериозно, пореално. Можеби ќе звучам глупаво, но всушност сум среќна за се што се случи, го сметам за благослов затоа што денес ги ценам вистинските вредности, а не материјалните како порано“, рече таа во 2009 година за тоЈ период.

Слични објави

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.
Се вчитува....