04:00 - 6 април, 2026

(Фото) Ова е новата љубов на Јован Јованов, згодната пејачка му го освои срцето

Згодна пејачка е новата љубов на Јован Јованов кој во 2018 гоина се разведе од својата сопруга Николина, со која има ќерка.

Јованов во поткастот на Стефан Лазаров неодамна рече дека е во добри односи со поранешната сопруга, дека останале пријатели и дека во Канада, каде што и двајцата живеат, имаат заеднички бизнис.

На фестивалот „Макфест“ каде што настапи на последната вечер со која се прослави 40-годишнината од постоењето, Јован настапи сам и во дует со Маја Саздановска, со песните „Магија“ и „Ти ме сакаш“.

Но, на фестивалот не дојде сам, туку со неговата сакана Тиана Димова која е исто така пејачка. Таа настапува со бендот „Трета смена“ како што објави „Црно-бело“, и многу сака да патува.

Засега, нивната љубов функционира на далечина, зашто Јован живее во Канада, а Тиана во Македонија, но изгледа дека тоа не им е никаква пречка.

Фото/Инстаграм

– Јас и Николина љубовно не сме заедно со години, но добро функционираме како бизнис-партнери. Едноставно може да се функционира доколку имате разум, знаете да разграничите што се приоритети во животот.

Нормално дека би правел бизнис со неа зашто ѝ верувам, зашто ми е најголема поддршка и најдобар другар. Заедно дојдовме во Канада, ме знае многу добро, а и јас неа. Ја имаме Малеа и тоа е нешто што ќе нѐ поврзува цел живот – рече Јован во интервју за „Слободен печат“ во 2023 година.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....