4.8 C
Скопје
00:55 - 6 февруари, 2026

Ова беа последните зборови на првата сопруга на Бора Чорба: Тој беше обвинет за нејзината смрт

Поранешната сопруга на Бора Ѓорѓевиќ трагично го заврши животот

Најтешкиот момент во животот на Бора Ѓорѓевиќ се случи во 2007 година кога животот го загуби неговата сопруга Драгана. Поранешната сопруга на Бора Ѓорѓевиќ, не можела да го поднесе разводот, па се самоубила.

Истрагата покажала дека Драгана починала мешајќи голема доза на лекови со алкохол.

Иако никогаш не сакал многу да зборува на оваа тема, Бора еднаш изјави дека мисли дека се се случило по несреќна случајност, дека Драгана не сакала да се самоубие. Сепак, некои потоа го етикетираа како виновник за нејзиното самоубиство, бидејќи, како што рекле соседите, поранешната сопруга на Бора многу тешко се справила со разводот.

– Драгана ја познавам откако се доселија овде. Важеше за културна и добра жена, но многу љубоморна. За жал, откако се разведоа, често ја гледав како плаче и тагува. Не криеше дека ѝ е тешко – изјави тогаш сосетка, потсетувајќи се на нејзиниот последен разговор со Драгана.

– Еднаш се сретнавме во лифтот и Драгана ме праша дали знам дека се разведува, на што ѝ одговорив дека сум прочитала нешто за тоа во весниците. Ми кажа дека Бора има некоја девојка од Америка и морам да признаам дека изгледаше многу разочарана кога ми го кажа тоа. Ми кажа и дека Бора побарал да го продадат овој стан, за да добие половина од парите. Ми призна дека откако ја оставил не дал воопшто пари ниту на неа ниту за децата. Таа беше во големи проблеми и тоа се гледаше на неа – се сеќава сосетката, пренесува српски Свет.

– Го молела да не се разведуваат, само да го напушти станот, но по моја проценка Бора веројатно сакал целосна слобода – додава сосетката.

Некои од српските медиуми тогаш шпекулираа дека Драгана со години имала проблеми со алкохолот, а во таа состојба наводно дошла бидејќи на инсистирање на Бора ја напуштила работата како банкарска службеничка и со тоа останала без сопствени приходи.

 

Слични објави

Маријана Микиќ официјално се разведе: Пејачката ги потпиша документите, крај на приказната!

Еспресо

Ела Дворник повторно живее со поранешниот сопруг: „Вистински пекол на земјата!“

Еспресо

Познат пејач ја изневерува својата сопругата со маж: Водителот на Пинк откри шокантни детали

E.A.

(Фото) „Имав рак по рак, потпишав…“: Ќерката на легендарниот пејач ги откри деталите од мачната борба

Еспресо

Ацо Пејовиќ купил дуплекс стан во модерниот дел на Белград: Еден квадратен метар чини 6.000 евра

E.A.

(Фото) Првата заедничка фотографија: Еве како изгледа партнерот и татко на детето на Милица Тодоровиќ

Еспресо
Се вчитува....