18:11 - 8 април, 2026

„Маки“ по операцијата: Азис се пофали со новите силикони, па се пожали дека не може да закопча ниту една кошула

Контроверзниот пејач Азис повторно го привлече вниманието на јавноста, откако се пожали дека не може да ги закопча кошулите.

На прв поглед, многумина помислија дека станува збор за зголемена телесна тежина, но вистината е сосема поинаква. Како што пренесуваат бугарските медиуми, пејачот всушност алудирал на тоа дека му се зголемиле градите.

Имено, пред неколку недели Азис направил естетска интервенција и вградил силиконски импланти во градите, со цел да го постигне изгледот што го посакува. Оттогаш, тој често позира без облека на горниот дел од телото, истакнувајќи го новиот изглед.

Овој потег предизвика бројни реакции на социјалните мрежи – од поддршка до критики, со коментари дека наместо естетски зафати, требало повеќе да се посвети на физичка активност.

Сепак, Азис и овој пат покажува дека не се плаши да експериментира и да ги поместува границите кога станува збор за изгледот и јавниот имиџ.

Слични објави

Вистинскиот пар чевли прави разлика: Дојдете во Chantel, затоа што секој чекор заслужува да биде забележан

Еспресо

Нина Ѓогани за ужасното насилство што го доживеала: „Ме тепаа и ме навредуваа“

Еспресо

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Јанг Дади се отвори за тешкиот период: Ме игнорираа

msp-admin

(Фото) Жељко Бебек прослави 24 години брак со својата 34 години помлада сопруга: „Тоа нешто наше“

Еспресо

На Здравко Чолиќ ќе му врачат димпломатски пасош на Босна и Херцеговина

Еспресо
Се вчитува....