9.8 C
Скопје
00:25 - 18 март, 2026

Ново истражување за пристап кон воспитување: Децата во Јапонија се најсреќни

Јапонските родители имаат посебен пристап на воспитување што прилично се разликува од остатокот на светот.

Бројни досегашни истражувања, како и најновата студија, покажаа дека децата во Јапонија се најсреќни во светот, и тоа поради начинот на живот и воспитувањето.

Како што пишува „Ејжн Перент“, јапонските родители имаат посебен пристап кон воспитувањето на децата, што прилично се разликува од останатиот дел од светот.

Ова се некои од нивните принципи:

Родителите во Јапонија се обидуваат уште од мали нозе да ги научат своите деца да бидат независни. На пример, го учат своето дете да оди на училиште без придружба, никогаш не им ги решаваат домашните задачи и слично. Сето тоа, објаснуваат психолозите, го поттикнува развојот на независност кај детето, но и ја зајакнува неговата самодоверба.

Додека повеќето родители често ги споделуваат своите родителски предизвици и неволји, јапонските родители се различни. Истражувањето покажува дека тие ги споделуваат своите проблеми поврзани со образованието или семејството воопшто, само со луѓе на кои најмногу им веруваат. Исто така, билокаков разговор за активностите на своето дете го сметаат за неприфатливо.

Иако јапонските родители, исто како и сите други, се соочени со напорно секојдневие и со бројни обврски, тие сепак, секој слободен момент го поминуваат со своето дете. Веруваат дека поврзувањето со детето е многу важно за неговиот развој, па затоа никогаш не пропуштаат да му се посветат на детето кога имаат време.

Родителиле во Јапонија цврсто се придржуваат до правилото дека секој оброк, кога е тоа можно, треба да се јаде заедно на маса со детето, односно со семејството. Дополнително, децата редовно ги вклучуваат во подготовка на храната. Така, уште од најмала возраст детето го учат на здрави навики, но и на подготовка на оброци што повторно води до зајакнување на самосталноста.

Слични објави

„Изгубив половина од себе“: Дарко Лазиќ сподели емотивен спомен за братот Драган

Еспресо

(Фото) Заведува неверни мажи, а потоа јавно ги разоткрива: „Ми се закануваат, но нема да запрам“

Еспресо

Сале Тропико се „исповеда“ за разводот со Јована Пајиќ: „Најмногу болеше разочарувањето…“

Еспресо

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо

Каде за продолжениот викенд? Ако немате идеја, ѕвездите имаат совет за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....