18:00 - 7 април, 2026

Новите фотографии од омилениот Џејмс Бонд ги запрепастија сите: Пирс Броснан непрепознатлив

Во јавноста се појавија фотографии од сетот на новиот филм „The Last Rifleman“ во кој главната улога ја има Пирс Броснан. Поради улогата, омилениот Џејмс Бонд е непрепознатлив. Во новиот филм тој го игра воениот ветеран, 89-годишниот Бернард Џордан, поради што косата мора да му биде целосно бела, а благодарение на шминка воопшто не личи на себе.

Во филм тој глуми постар војник кој бега од дом за стари лица во Северна Ирска за да отпатува во Франција каде што сака да им оддаде почит на загинатите соборци на 75-годишнината од слетувањето во Нормандија, добро познатиот Ден Д.

Сигурно ќе биде многу интересно да се погледне овој филм, инспириран од вистински настан, а уште поинтересно ќе биде да се види оваа трансформација на актерот.

Слични објави

Изберете елеганција што остава трага и стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо

Телевизија Пинк објави кога Зорица Брунцлик ќе се врати во „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо
Се вчитува....