12:47 - 9 јануари, 2026

Нови детали за трагичната смрт: Фризерот што го прослави Карлеуша се разболел во Занзибар и починал по враќањето во Белград

Поранешниот фризер на српската поп пејачка Јелена Карлеуша, Матија Радуловиќ, почина на 6 јануари на 43-годишна возраст, а неговата ненадејна смрт ја потресе јавноста, особено естрадниот круг во кој беше присутен со години.

Како што се шпекулира во моментов, здравствените проблеми што довеле до трагичниот исход би можеле да бидат поврзани со интервенциите што Радуловиќ ги имал во претходниот период на лицето и телото. Сепак, точната причина за смртта сè уште не е позната и ќе се утврди по обдукцијата.

Непосредно пред да му се влоши здравјето, Радуловиќ го прославил роденденот со блиски пријатели. Оние кои биле со него таа вечер тврдат дека ништо не укажувало на трагедијата што наскоро ќе следи.

– Голема тага. Мојот најдобар пријател беше на неговата роденденска забава. Беше насмеан, среќен и полн со планови. Славеа до зори. Зборуваше за проширувањето на бизнисот и новите проекти што планираше да ги започне. Пред тоа беше во Занзибар и тогаш се разболе. По враќањето во Белград, почувствува непријатност, но не обрна внимание на тоа сè додека не беше предоцна, за жал – изјавил изворот за локалните медиуми.

Денот пред да биде префрлен во Итниот центар, беше повикана Итна помош поради неговата лоша здравствена состојба, но Радуловиќ тогаш одбил хоспитализација.

Потоа, се заклучил во станот и не излегувал, што, според изворот, може да довело до понатамошно влошување и развој на тешки компликации. Во понеделник околу 17:00 часот, кога неговата состојба одеднаш се влошила, брзата помош повторно реагирала, тој бил итно префрлен во болница, но во тоа време веќе бил во критична состојба.

На Бадник, Матија бил во исклучително тешка состојба и без свест бил итно прфрлен во Ургентниот центар, каде што лекарите се обиделе да му помогнат, но за жал, и покрај напорите на мединскиот персонал, го изгубил животот.

Радуловиќ беше добро познато име во светот на убавината и забавата. Својата кариера ја започнал како фризер, а пошироката популарност стекнал благодарение на соработката со Јелена Карлеуша, која, според неговите блиски пријатели, била првата што му дала можност да се афирмира меѓу јавните личности.

Матија Радуловиќ, роден во 1983 година, беше познат по својот талент и посветеност на работата.

Неговата креативност и енергија го направија еден од најбараните фризери во Сбија. Тој беше омилен меѓу познатите, но и меѓу неговите пријатели, кои го опишуваат како личност со големо срце и неисцрпна позитивна енергија, пренесува „Блиц“.

Слични објави

(Видео) Му пеела пред да почине: Калиопи откри интимна приказна

msp-admin

(Фото) Полугола и мокра, Маја Шупут во сензуална прегратка на Шиме

Еспресо

(Видео) За неа тоа беше шокантно: Каролина раскажа што ѝ се случи во Јапонија

msp-admin

(Видео) Дарко Лазиќ повторно шокираше: Пејачот врза санки за автомобилот, па ги влечеше децата

Еспресо

Ова е сестрата на Панчо, нејзината посвета за покојниот брат ќе ве расплаче

msp-admin

Нада Топчагиќ откри како живее на планина: „Јас сум ѕвезда, а морам да одам во шума за да собирам дрва“

Еспресо
Се вчитува....