7.8 C
Скопје
23:24 - 30 март, 2026

Нови детали за смртта на Лаќа Радуловиќ: Шест дена се чекало за идентификација на телото

Извор од Израел истакна дека на 13 декември во раните утрински часови итната помош го пронашла Лаќа Радуловиќ на улицата Милано во онесвестена состојба, објави српскиот портал „Блиц“.

– Лаќа е прогласен за мртов на патот кон болница. Телото е пренесено во форензички центар во друг град, каде лежело без формална идентификација. На 18 декември случајот почнал да се развива кога во српската амбасада се јавил семеен пријател на Радуловиќ и го пријавил како исчезнат бидејќи Милан требало да се врати во Србија на 19 декември. Тој замина во Израел на 2 декември. На 19 декември била контактирана израелската полиција – вели изворот за „Блиц“.

На 20 декември полицијата одговорила дека телото со опишаните тетоважи се наоѓа во споменатиот институт за судска медицина. Телото било идентификувано од пријател во вторникот, подоцна попладне и на тој начин била составена сликата од тоа што му се случило.

Потсетуваме, Милан Лаќа Радуловиќ, син на Марина Туцаковиќ и Александар Радуловиќ Фута, е роден во 1986 година. И тој како мајка му, пишувал текстови за многу познати пејачи. Неговиот живот го одбележаа две трагедии, смртта на неговиот брат Милош во 2008 година и смртта на неговата мајка Марина Туцаковиќ.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....