15:57 - 18 ноември, 2026

НОВИ детали од Цетински за Тоше Проески: Зошто да не снимам дует со некој што убаво пее?

Еден од најпопуларните регионални пејачи, Тони Цетински, се потсети на покојниот Тоше Проески, кој не напушти пред 14 години.

Имено, Проески го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка и го растажи целиот регион, а Цетински се присети на соработката и пријателството со него и откри нови детали.

– Сакам да им помагам на младите и го немам тоа его и проблемот дека некој ќе ме загрози. Тоа беше најактуелното прашање кога снимив дует  со Тоше Проески. Се разбира, некои се прашуваа како и зошто. Зошто да не правам дует со некој што убаво пее.

Цетински додаде дека сака да соработува со помлади колеги, како и дека суетата отсекогаш му била туѓа.

– Тој начин на размислување е старомоден, од некои стари системи каде некои постари пејачи се држат круто и внимаваат некои помлади да не ги покријат со своето пеење. Мојата духовна страна го прави тоа. Тоа ми е туѓо – додаде Цетински, а пренесува новости.рс.

Слични објави

Даниела Мартиновиќ за 20-годишната врска со Петар Грашо и врската со семејството Хуљиќ: „Вјекослава ми беше како мајка, а сега ја пронајдов среќата со Јосип“

E.A.

(Фото) Шехерезад во лежерно издание: турската актерка прошета низ Лондон во зелена јакна и црвена капа

Еспресо

Животната приказна на Светлана Цеца Бојковиќ: Славната актерка храбро ја следеше љубовта и им пркосеше на тогашните општествени норми

E.A.

Омилениот прилог за домашниот ручек — рецепт за кремасто пире со путер и млеко

К.С.

Емина Јаховиќ првпат проговори за скандалот со сопругата на Мустафа и наводната проневера на 200 милиони долари: „Тој нема никаква врска со тоа“

Еспресо

Халид Муслимовиќ со трогателно сеќавање за Халид Бешлиќ и Шабан Шаулиќ: „Лекарот ми рече дека сè можело да се спречи на време, но тоа е судбина“

E.A.
Се вчитува....