8.8 C
Скопје
23:10 - 23 март, 2026

Нина Бадриќ со емотивна порака до својата публика: „Ми рекоа дека тоа е тешка работа, дека не се исплати …“

Нина Бадриќ најави дека нејзиниот нов албум „Моите луѓе“ ќе излезе на 13 февруари, а по тој повод со своите следбеници на Инстаграм сподели искрено и емотивно размислување.

„Да се направи албум денес е вистинска напорна работа. Особено ако се занимавате со поп-музика на овие простори. Се поставува прашањето, како и зошто воопшто да се издава албум? Ми велат: не се исплати, не се продава, никој веќе не слуша албуми. Со тоа не можам да се согласам. Затоа што ако се согласам, би ја поништила мојата публика со која растев сите овие 30 години.

И секоја песна што нам ни значи. Секоја што оставила трага во времето. Секогаш сум се водела по себе. Сум пишувала и пеела она што го чувствувам и живеам, сум созревала заедно со моите песни и сум ја живеела секоја емоција. Таков е и овој албум – ’Моите луѓе‘. Тој носи зрелост. Зрелоста што ја живеам сега.

Дали ова е најдоброто? Не знам. Но е најдоброто што во овој момент знам да го дадам.

Секоја песна е одраз на мене, на мојот живот, моите чувства и сè што во овој момент сум во состојба да го кажам. Овој албум е досега најмалку авторски мој, затоа што им се препуштив на други автори, во чии песни ги пронајдов моите приказни“.

Слични објави

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.
Се вчитува....