Ника Тошиќ, помладата ќерка на пејачката Јелена Карлеуша и поранешниот фудбалер Душко Тошиќ, привлече големо внимание на социјалните мрежи откако на својот Титок профил сподели емотивно видео од автомобил со својот татко, придружено со песната „Lažu oči moje“ од групата Колонија и краток опис: „Со тато“.
Видеото брзо стана вирусно, а посебно внимание привлече духовитиот коментар на нејзината мајка Јелена, која веднаш се огласи под објавата:
„А кога со мама?“ — праша Карлеуша, на што Ника кратко и симпатично ѝ одговори: „Било кога“.
Иако Карлеуша и Тошиќ поминаа низ турбулентен период и развод, и двајцата често истикнуваат дека односот со нивните ќерки Атина и Ника е на прво место. Душко неодамна истакна дека е исклучително горд на своите ќерки и ја пофали Јелена за нејзината посветеност во нивното воспитување, додека пејачката повтори дека Тошиќ е „најпрекрасниот татко“.
