Фолк ѕвездата Ана Бекута ја одбележа големата 40-годишнина од својата кариера, во текот на која со препознатливиот глас и емоција остави силен белег на музичката сцена.
По тој повод, во интервју, таа отворено зборуваше за својот живот и кариера, присетувајќи се на најважните моменти од својот пат.
– Јубилеј како 40 години кариера значи дека сум го избрала вистинскиот повик и дека цело време го работам тоа што најдобро го знам. Ова е потврда за квалитетот и успехот што го градев со години – изјави таа.
Бекута откри дека подготовките за големи концерти траат со месеци и дека зад нив стои тим од посветени луѓе.
Гледајќи наназад, таа признава дека почетоците биле скромни, но исполнети со љубов кон музиката и желба сонот да стане реалност.
– Особено сум емотивно врзана за песните посветени на моите родители и на Милутин – додаде пејачката.
Таа истакна дека низ годините се менувала и се прилагодувала на трендовите, но никогаш не се откажала од квалитетната народна музика.
Исто така, посочи дека без труд, дисциплина и работа нема вистински успех, што им го советува и на младите пејачи, пишува „Република“.
