23:07 - 5 април, 2026

Наместо признание популарниот актер Габриел Гевара доби полициски лисици на фестивалот во Венеција

Шпанскиот актер Габриел Гевара бил приведен на филмскиот фестивал во Венеција.

22-годишникот не беше официјален гостин на настанот, но беше најавено дека ќе присуствува на денешниот настан во хотелот Екселсиор и дека ќе му биде доделено признанието „Best Movie International Award Young Generation“ за улогата во „Ma fault“, пишува Variety.

Габриел вчера бил приведен, а деталите од обвинението се уште не се соопштени.

Организаторите на споменатите награди објавија дека „превентивно го суспендирале доделувањето на признанието, за да почекаат да се утврдат доказите против Гевара и да бидат целосно убедени дека правдата ќе го следи својот тек“.

Според понатамошните пишувања, се очекува апелациониот суд во Венеција да одлучи дали младиот актер ќе биде екстрадиран од земјата.

Габриел Гевара, инаку, има милиони следбеници на социјалните мрежи и е многу популарен меѓу младите.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....