11.8 C
Скопје
13:20 - 19 март, 2026

Најдобар чистач на организмот: Детоксикација со лековит сос од коријандер, ви носиме РЕЦЕПТ

Коријандерот познат и како кинески магдонос, специфичен по силниот вкус и мирис, е еден од најдобрите чистачи на организмот и окрепнувач.

Лековитите својства на оваа билка се одамна познати, уште од најстарите денови листовите од коријандер се користат за целосна детоксикација на организмот, за зајакнување на имунитетот и крвната слика, при менструални болки и пореметувања, за намалување на нивото на шеќер, но и за смирување и лекување на изгоретини и ублажување на мачнина.

Во поново време оваа чудесна билка се почесто се употребува и во превенцијата и лекување на канцерогените заболувања и туморите.

Поради специфичниот вкус, не секој може да го конзумира како додаток во салата, па најчесто се приготвува како чај. Чај од коријандер се прави со 6 грама семки од коријандер и 500 милилитри вода (засладен со мед).

Листот пак од коријандер секогаш се употребува свеж, има јака арома и најчесто се употребува во јужноамериканската и азијската кујна, додека во европската кујна повеќе се употребуваат сушените зрна. Свежото мелено семе од коријандер е одличен додаток на пецивата, супите и јадењата од зеленчук.

Песто коријандер, како да го направите?

Од оваа билка се прави исклучително вкусна паста наречена песто коријандер со неодолив вкус. Песто коријандер може да послужи како додаток- салата со било кое јадење, додаток во тестенини, но и како намаз за леб.

Се подготвува многу едноставно и брзо, а вистински чувар е на вашето здравје.

Потребни намирници

1 китка коријандер

100 грама бадеми (непечени)

Маслинов зејтин

Половина лимон (цеден)

1 лук

Сите намирници се ставаат во блендер и се миксираат додека не се добие компактна смеса. Доколку смесата е премногу густа додадете половина филџан млака вода.

Слични објави

Кога Тарабунов готви тоа изгледа вака: Богата вечера со морски специјалитети за саканите

msp-admin

Карлеуша за здравјето на Ѓани и трагедијата на Дарко Лазиќ: „Ова е тежок период за естрадата“

Еспресо

Планирам средба со пријатели два месеци однапред: Сара Мејс откри непознати детали за себеси

Еспресо

Тања Савиќ: Се покајав за естетските корекции, имам проблем со филерите

msp-admin

(Фото) Ирена Спировска во ултра мини на посебен настан, изгледа многу помладо

Еспресо

Драма во Русија: Гога Секулиќ во паника се вратила во Србија, платила 5.000 евра за итен лет

apostolova
Се вчитува....