7.8 C
Скопје
01:27 - 31 март, 2026

„Молитвата ми помогна“: Жика Јакшиќ ги промени животните навики по мозочниот удар – еве што му е сега приоритет

Познатиот водител Жика Јакшиќ отворено зборуваше за тешките моменти низ кои поминал по мозочниот удар што го доживеал во јули 2025 година. Тој откри дека стручноста на лекарите, поддршката од семејството и пријателите, како и сопствената волја за живот, му помогнале да се избори со овој предизвик.

„Искрено, се чувствувам добро и благодарно. Кога ќе поминеш низ такво искуство, сфаќаш колку е здравјето драгоцено и колку малите нешта во животот навистина значат. Денес повеќе го слушам своето тело и се трудам да живеам по смирено и свесно“, изјави Јакшиќ.

Семејството и пријателите, како што вели, биле неговата најголема поткрепа.

„Тие се мој темел. Но, морам да кажам дека огромна поддршка ми беа и колегите, како и обичните луѓе тоа навистина ме допре. Пораки, повици, молитви тоа не се заборава. Секако, секој човек има страв кога се соочува со нешто непознато. Но стравот или те крши, или те зајакнува. Кај мене, благодарение на Бога, беше ова второто. Имаше ноќи кога се прашував: „Ќе се вратам ли да бидам оној стар?“ Но токму тогаш сфатив колку е важно да веруваш и да не се предаваш“, рече Жика Јакшиќ.

„Сега успорувам кога треба, повеќе се грижам за себе, за исхрана, одмор и стрес. Научив дека не е слабост да застанеш. слабост е да го игнорираш своето тело. Сега го слушам себе. Не брзам повеќе по сè и секого. Здравјето е на прво место, а сè останато доаѓа кога треба“, додаде тој.

„Заљубен сум во животот. И тоа е, верувајте ми, најубавата можна заљубеност. По сè што поминав, секој нов ден го доживувам како подарок“, заклучи Жика Јакшиќ.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....