02:38 - 26 јануари, 2026

Медведев најави забрзано производство на најмоќни средства за уништување – „нашиот непријател не е само во Украина“

Дмитриј Медведев денеска изјави дека Русија „го зголемува производството на најмоќните средства за уништување, вклучително и оние засновани на нови принципи“.

Медведев додаде дека додека Украина ја гледа само Русија како непријател, непријателите на Русија не се само во Украина, туку и во Европа, Северна Америка, Јапонија, Австралија, Нов Зеланд и „многубројни други места лојални на денешните нацисти“, пренесува Teletrader.

„За нас (ситуацијата) е многу сложена – нашиот непријател се вкопа не само во Киевската губернија на нашата Малорусија. Тој е во Европа, Северна Америка, Јапонија, Австралија, Нов Зеланд и во редица други места коишто се заколнаа на верност на модерните нацисти“, објави Медведев на апликацијата Telegram.

Додава дека напредното вооружување, меѓу другото, се заснова на „нови принципи“, алудирајќи на новите генерации хиперсонични оружја коишто ги поседува Русија, додека САД сѐ уште се во фазата на тестирање.

„Поради сето тоа, го интензивиравме производството на најмоќните оружја, вклучително и оние темелени на новите принципи“, објави Медведев.

Изјавата на Медведев е упатена во врска со изјавата од саботата на секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Олексиј Данилов, кој рече дека „непријателот“ на Украина се наоѓа на територијата од анектираните републики Донбас до Владивосток и оти украинската војска е способна да напаѓа било која цел на територијата на Русија, доколку продолжат ударите врз украинската енергетска инфраструктура.

Слични објави

Откриено името на ќерката на Огњен Амиџиќ и Мина: Се поврзува со Богородица и е популарно низ целиот свет

Еспресо

(Фото) Актерот од најексплицитниот еротски филм е во Белград! Се обидува да ја освои Бресквица?

Еспресо

Сандра Африка ѝ е несудена снаа на Викторија Бекам: „Бевме со Бруклин во хотел во Дубаи“

Еспресо

„Ти си маестро, маестро мој“: Игор Џамбазов со емотивна објава за татко му Александар на четиригодишината од неговата смрт

Еспресо

Поминаа 45 години од раѓањето на Тоше Проески, нашата најголема музичка ѕвезда!

Еспресо

Хороскоп за 25 јануари: Биковите ја наоѓаат внатрешната сигурност, Стрелците добиваат поттик за нов чекор

Еспресо
Се вчитува....