Српската пејачка Теа Таировиќ, која пред една година застана на „лудиот камен“, за првпат отворено проговори за својата свекрва и за односите во семејството, истакнувајќи дека мајките се најзаслужни за тоа каков ќе биде синот кон својата сопруга.
Теа, која сега ја носи титулата госпоѓа Вердај, во емисијата „Магазин Ин“ сподели детали за својот брачен живот и воспитанието на машките деца.
– Мислам дека мајките ги воспитуваат машките деца. За секоја предност и за секој недостаток е заслужна мама. Свекрва ми е премногу добра. Сопругот пораснал во многу убаво семејство. Нас двајцата сме слично-различни. И двајцата многу внимаваме да не згрешиме, но и многу тешко признаваме грешка – изјави фолкерката.
Прв Велигден како госпоѓа Вердај
Оваа година Теа за првпат ќе го прослави Велигден во заедница со својот сопруг, па откри како изгледаат празниците во нивниот дом.
– Велигденските празници секогаш ги доживувам како нешто посебно, во интимна атмосфера, без гужва и брзање. Времето некако забавува и тогаш се посветувам на она што е најважно. Како и секогаш, и оваа година ќе го одбележам во кругот на семејството и најмилите – вели пејачката.
Трпезата е „мала магија“
Кога станува збор за празничната трпеза, Теа признава дека целото семејство учествува во подготовките.
– Кај нас велигденската трпеза е вистинска мала магија! Најмногу заслуги има моето семејство, но сите учествуваме на некој начин. На масата задолжително има јајца, но и сите други специјалитети кои мирисаат на детство. Јас секогаш се трудам да дадам свој придонес, макар преку декорацијата и атмосферата.
На прашањето кој победува во кршењето јајца, таа низ насмевка одговори:
– Ги бојадисуваме заедно, тоа е ритуал кој не го пропуштам. Што се однесува до кршењето, тука сум голем борец! Не можам да кажам дека секогаш победувам, но никогаш не се предавам – баш како и во животот!
