17:26 - 6 април, 2026

Луна Ѓогани отишла на ремонт: Еве што правела со своето лице

Луна Ѓогани отворено признава дека редовно посетува козметички салони и посветува големо внимание на својот изглед. Овој пат со своите следбеници сподели детали од еден естетски третман што неодамна го направила.

Имено, Луна покажа дека се подложила на мезотерапија со цел да ја освежи и затегне кожата на лицето, а целиот процес го сними и го објави на социјалните мрежи.

Понеделникот го искористила за разубавување, па на Инстаграм сподели видео од една клиника. На снимката се гледа како козметичарите најпрво темелно ѝ го чистат лицето со хидратантна маска, по што рачно ги отстрануваат митисерите и ситните мозолчиња.

Откако лицето било целосно исчистено, следувал третманот со мезотерапија – постапка при која со микроигли во кожата се внесуваат витамини, минерали и хијалуронска киселина, со цел кожата да биде поцврста, похидрирана и со посвеж изглед, без видливи брчки.

Луна, која нема проблем да се појави во природно издание, ги документираше сите чекори и истакна дека третманот воопшто не е болен, како и дека резултатите се забележливи веднаш по завршувањето. Особено внимание ѝ посветила на пределот на челото, нагласувајќи дека токму таму има најмногу неправилности.

Слични објави

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

(Фото) Свршеникот на Јована Јеремиќ отиде на Света Гора – Тигар го посети манастирот Хиландар

Еспресо

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin
Се вчитува....