21.8 C
Скопје
18:13 - 5 април, 2026

„Лудата недела е зад мене“ – Џо Џонас со прв коментар во јавноста за разводот со Софи Тарнер

„Лудата недела е зад мене, нели?“, коментира познатиот пејач Џо Џонас кој прв пат се огласи јавно по веста дека се разведува од 27-годишната Софи Тарнер.

Џо и Софи цело лето живеат на различни адреси, така што веста дека тие се разведуваат која  изненади многумина, не беше ништо ново за оние кои се блиски до познатата двојка.

„Само сакав да ви кажам, ако не излезе од мојата уста, не верувајте“, вели Џонас кој  им се заблагодари на сите за нивната поддршка и љубов и им порача дека ги сака.

Инаку, парот се запозна во 2016 година, се венчаа три години подоцна и станаа родители на Вила (3) и уште една ќерка која се роди пред 14 месеци, чие име се уште јавно не го открија. Тие ги потврдија гласините за развод неодамна:

„После четири прекрасни години, решивме заедно да ставиме крај на нашиот брак. Има толку многу приказни и шпекулации за причините за разводот, но тоа е навистина заедничка одлука и се надеваме дека секој може да ја почитува нашата желба за приватност, за нас и децата“.

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....