15.8 C
Скопје
13:15 - 16 март, 2026

ЛЕКЦИИ ЗА ЖИВОТ ОД ЏЕЈН ФОНДА: „Знам дека сум блиску до смртта, но тоа не ме загрижува“

Во интервју за CBS за претставување на седмата (и последна) сезона на Грејс и Френки, актерката зборуваше за смртта и стареењето: Имам 84 години, жива сум и работам, што друго е важно?

„Свесна сум дека сум блиску до смртта. И тоа не ме загрижува“, вели легендарната глумица Џејн Фонда .

Актерка – со два Оскара и бројни други награди, активистка, претходничка на фитнесот, убавица, има полни 84 и сè уште напорно работи (седмата сезона на Грејс и Френки се емитува на Нетфликс). Таа искрено зборуваше за тоа што значи да остариш.

„Она што ме мачи – вели таа – е што моето тело, сепак, не е мое! Моите колена не се мои, колковите не се мои, ниту моето рамо не е мое. Гледаш во некој што сум јас, само оттука нагоре (покажувајќи на лицето)“, рече актерката која во животот се соочувала со болести и операции (за кои секогаш отворено зборувала).

„Работата е во тоа што ако сте живи и релативно здрави, а сте постара личност – мислам, јас имам скоро 85 години… добро, работата е, ако сè уште сум жива и работам, леле…тоа е добро. Но кој се грижи за тоа што ги немам старите зглобови? И дали повеќе не можам да скијам, да возам велосипед или да трчам?“, продолжува таа. „Можеш да бидеш навистина стар на 60 години, а можеш да бидеш навистина млад на 85!“

Можноста да се зборува за возраста и смртта доаѓа од серијата во која Џејн Фонда (Грејс) се спријателува со Лили Томплин (Френки), откако нивните сопружници ќе се вљубат еден во друг. Средбата меѓу двете жени е почеток на дијалог за темите на животот со веселост и самоиронија – пријателство, љубов, секс, но и за самиот живот и за стареењето. Двете жени се пријателки и во реалниот живот, а заедно беа и уапсени во 2019 година на протестни демонстрации на тема климатски промени во Вашингтон.

Зборувајќи за својата напредната возраст, Џејн Фонда призна и дека не сака да се лиши од убавината на животот, иако телото повеќе не ѝ е она што било.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jane Fonda (@janefonda)

Слични објави

Цел ден клекни-стани: Сузана Гавазова откри како ја одржува формата

msp-admin

Рене Биторајац, главниот актер од „Свадба“ се јави со необична порака од Лондон

msp-admin

(Видео) Рада Манојловиќ ужива со новиот дечко: Тој е во зрели години, истетовиран и зад себе има еден брак

Еспресо

(Фото) Блага Петреска со емотивен спомен за близок човек кој веќе не е меѓу нас

msp-admin

Момче од Македонија секоја година доаѓа на гробот на Ксенија Пајчин во Белград

msp-admin

Мојот живот доби вистинска смисла: Лична приказна на Адријана Алачки

msp-admin
Се вчитува....