7.8 C
Скопје
21:55 - 16 март, 2026

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

Пејачката Едита Арадиновиќ минува низ посебен период во животот, бидејќи наскоро ќе стане мајка. И покрај бременоста, таа продолжува активно да настапува и да работи на нов албум.

Едита откри дека моментално се чувствува одлично и има многу енергија, иако настапите понекогаш знаат да бидат напорни.

Таа вели дека килограмите и хормоните влијаат на нејзиното тело, па понекогаш дишењето на сцена со високи потпетици знае да биде тешко.

„Не сум си поубава, хормоните прават чуда – кожата ми се менува секој ден“, искрено призна пејачката.

Додаде дека во бременоста ѝ се смениле и апетитот и вкусот за храна. На почетокот јадела само работи кои не ѝ предизвикувале мачнини, па дури четири месеци не можела да јаде кромид.

Од петтиот месец, како што вели, повторно почнала да има желба за многу јадења кои претходно ги избегнувала. Таа истакна дека внимава што јаде во текот на денот, а попладне си дозволува малку повеќе слобода.

Едита неодамна откри и дека се разделила од партнерот Ненад Стевиќ, со кого го очекува своето прво дете. Сепак, нагласи дека се во одлични односи и заедно носат одлуки поврзани со нивната ќерка.

Слични објави

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

Гоца Тржан јавно ѝ призна на хрватската пејачка: Со години те гледам гола и се „палам“ на тебе!

Еспресо

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо

Јоџир откри приказна за неговиот татко и Ксенија Пајчин

E.A.
Се вчитува....