9.8 C
Скопје
13:33 - 18 февруари, 2026

„Користи лекови, има пиштол, импотентен е и е шворц“: Атина Ферари со шок-тврдења за Аца Лукас

Контроверзната старлета Атина Ферари неодамна откри дека наводно била во интимна врска со фолкерот Аца Лукас, кој изминативе недели е во фокусот на јавноста поради скандал со фотографија со Насер Ориќ.

Поранешната учесничка во реалити-шоуто „Парови“ во јавност изнесуваше детали од, како што тврди, нивната врска, на што Лукас во неколку наврати реагираше.

Сега, на прославата на 18. роденден на внукот на Ера Ојданиќ во Мељак, Атина повторно изнесе низа тврдења на негова сметка. Таа рече дека Лукас две години, преку Вајбер и социјалните мрежи, ја молел да се запознаат, а потоа тврдела и дека користел лекови за потенција и дека на почетокот не ѝ се допаднал како маж.

„Нема фигура и убавина што ја барам кај мажите. Ми се допадна неговата интелигенција, харизма, беше смешен, и сега е смешен“, изјави Атина, па додаде:
„Сакав да го изведам на вистински пат. Тој не може да има нормални интимни односи. Во првата фиока му стои пиштол, а во втората лекови што ги користат мажи кои имаат проблем со импотенција“, рече таа, тврдејќи и дека фолкерот поседува пиштол.

Да потсетиме, Лукас неодамна гостуваше кај Боки 13, каде што ја коментираше Атина Ферари. Фолкерот тогаш порача дека не сака ни да го изговори нејзиното име, но даде јасно до знаење што мисли за нејзините изјави.

„Сега ќе ти кажам една работа. Што е ова, овој, оној… Нема да спомнувам. Женски психопат, избегана од лудница. Таа што не знае ‘Л’ да каже, а последниве три месеци само за мене зборува. Како била со мене во врска, како ми пеглала кошули… И како таа ‘Февалита’ тоа оди на Јутјуб нон-стоп… Нека будала! Јас ја познавам, беше кај мене три-четири пати, ама не сама, беше во друштво, небитно“, рече Лукас.

На тоа Боки 13 го прекина со прашање дали навистина му пеглала кошули, а Лукас одговори во свој стил: „Таа пеглала?! Таа не знае како изгледа пегла! Треба да ѝ дадеш мапа до кујна да стигне!“.

Слични објави

Откако брутално го претепаа син ѝ, Снежана Ѓуришиќ го откажа учеството на концертот посветен на Шабан Шаулиќ

Еспресо

(Фото+видео) Проѕирно и горе и долу: Рада Манојловиќ носела проѕирен фустан, а само гаќи под него

Еспресо

Познатиот српски јутјубер доживеал страшна сообраќајна несреќа, автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

Поранешната девојка на Саша Ковачевиќ си ја отвори душата: „Молчев со години, доживеав сериозни трауми“

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Венди! Ќерката ѝ дипломираше, пејачката „пука“ од гордост

Еспресо

Хороскоп за 18 февруари: Раковите ќе имаат продуктивен ден, Водолиите ќе бидат отворени за промени

Еспресо
Се вчитува....