3.8 C
Скопје
06:42 - 21 декември, 2024

Колку славата го промени менталното здравје на Ал Пачино: „Одев на психијатар 5 дена во неделата 25 години“

Тој засекогаш ќе биде еден од најголемите актери на големото платно. Сепак, не секој знае колку славата го „извртела“ Ал Пачино.

Ал Пачино, само кажете го неговото име и веднаш помислувате  на еден од најголемите актери во Холивуд. Неговата главна улога во „Кум“ е невозможно да се заборави.

Но малкумина знаат колку кариерета влијаела на менталното здравје на познатиот актер, кој сега има 83 години.

Ал Пачино уште од мали нозе сонувал да стане актер и на крајот успеал да си заработи посебно место во историјата на кинематографијата.

Откако неговите родители се разделиле, тој пораснал со дедо му и благодарение на него открил и сфатил колку е важна работата во животот: „Радоста на работата е она што ме одржува. Ми требаше татко. Моите родители се разведоа кога имав 2 години и татко ми оттогаш не е во мојот живот. Си ветив дека ќе бидам поинаков со моите деца“.

Кога веќе станал голем, решил да почне да студира и да влезе во светот на глумата. Во 1966 година успеал да биде примен во Актерското студио.

Успеа да учествува во шоуто на Бродвеј, што му ја донесе наградата Тони за најдобра споредна машка улога.

Во 1970-тите, тој се пресели од сцената на големото платно. Славата дојде откако ја доби улогата на Мајкл Корлеоне во легендарниот филм „Кум“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alpacino (@alpacino40)

За него тоа беше вистинска промена, гром кој не го очекуваше и кој му го сврте животот наопаку.

„Се чувствував како наеднаш да се крена превез и сите очи беа вперени во мене. Кум ми даде нов идентитет, со кој тешко се справував. Не можев да се прилагодам на тој нов живот. Бев принуден да одам на терапија 5 дена во неделата 25 години“.

Ал Пачино не се најде пред лесен период во животот. Покрај таа слава што го притисна, тој ги загуби и мајка му и дедо му за само една година еден по друг. Самиот актер го дефинираше тоа како „најниска точка во неговиот живот“.

„Имав 22 години, а најважните луѓе во мојот живот ги немаше, бев целосно уништен.“, вели актерот и се сеќава дека престанал да пие во 1977 година и решил да се фокусира на работата.

Денес големиот Ал Пачино смета дека е среќен што не завршил на полош начин, што успеал да се врати на вистинскиот пат и да ја надмине депресијата поврзана со славата.

„Се чувствувам поштеден од депресија и се чувствувам среќен. Со години се борев со моето ментално здравје, во 80-тите решив да го намалам бројот на филмови на кои работев. Добро ми беше, ми се допадна. Но, тогаш, случајно, ми снемаа пари“ – раскажа ланската година Ал Пачино во едно интервју.

Ал Пачино е татко на три деца. Од првата сопруга која била професорка по рецитација ја доби ќерката – Џули Мари (34), а подоцна од друга жена ги доби близнаците Оливија и Антон Џејмс Пачино кои денес имаат 22 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julie Pacino (@juliepacino)

Денес пак, Ал Пачино е актуелен со новата врска со ТВ продуцентката Нур Алфалах (28) која е помлада од неговата прва ќерка, а малку постара од близнаците. Односно Нур е дури 54 години помлада од ѕвездата.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....