15:39 - 5 декември, 2025

Колега на Том Круз ги урна предрасудите за познатиот актер: „Убаво е да се биде опуштен со него“

Колегата на Том Круз од филмот „Невозможна мисија“, Сајмон Пег и режисерот Ричард, се обидоа да ги разјаснат гласините кои со години го следат овој актер.

Во интервју за The Sunday Times, Ричард, кој го режираше „Mission: Impossible – Dead Reckoning Part One“, изјави дека самиот Круз му го открил постоењето на овие гласини затоа што претходно не слушнал за нив.

Додека објаснуваше како Круз е многу попристапен и попријатен отколку што луѓето претпоставуваат врз основа на тоа што е славна личност, режисерот се сеќава дека го прашал кога првпат се сретнале за најчудната приказна која ја слушнал за себе.

Откако се насмеа, Круз му кажа дека најголемиот мит за него е дека луѓето на снимање не смеат да го гледаат во очи. Неговиот одговор го смири режисерот, кој разбра дека Круз не бега од дружење со луѓе кои не се ѕвезди од неговиот ранг.

Пег, кој се приклучи на франшизата во „Mission: Impossible – Ghost Protocol“ во 2011 година, јасно стави до знаење дека тој исто така е вклучен во разбивање на митовите кога станува збор за неговиот колега.

„Успеав да ја пробијам целата бизарна митологија што го опкружува. Од една страна, тој е Том Круз; мистериозната филмска ѕвезда за која сите сакаат да знаат сè. А од друга страна, тој е само момче. Убаво е да се биде опуштен со него рече Пег.

Актерот, исто така, застана во одбрана на својот колега поради протеченото аудио од Круз на кое тој е бесен на сетот на „Mission: Impossible 7“, кој стана една од првите големи продукции што продолжи со снимање, иако коронавирусот беснееше во тој момент.

Круз, наводно, ги загубил нервите откако видел двајца членови на екипата како ги игнорираат упатствата за социјално дистанцирање и се дружат премногу блиску.

„Ако те видам дека го правиш тоа повторно, ќе си отидеш“, му викна тој на еден од членовите на екипажот во тоа аудио. Но, Пег се обиде да објасни дека Круз го користел тој тон само за да го нагласи ризикот што го има доколку продукцијата не успее.

Слични објави

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо
Се вчитува....