7.8 C
Скопје
23:44 - 30 март, 2026

Која е Фариде, жената што го крена Иран на нозе – на 36 години застана против режимот и насилството ВИДЕО

Иранските власти ја уапсија Фариде Морадкани, внуката на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, откако таа снимила видео во кое властите предводени од нејзиниот вујко ги опишува како „убиствен режим и убивачи на деца“.

Насилното задушување на народните немири предизвикани од смртта на младата Иранка во притворот на полицијата за морал неодамна ја поттикнале оваа млада жена силно да се бори против режимот на нејиниот роднина.

Фариде има 36 години и е голем борец за човекови права. Нејзиниот татко Али Техерани (Морадкани), беше отворен критичар на Хомеини уште на почетокот на Исламската Република. Целото семејство било протерано во Ирак цели 20 години. Откако се вратил во Иран по смртта на Хомеини, Али Техерани бил во домашен притвор со години. Фариде е многу активна повеќе од 20 години, им помага на политичките затвореници, на многу жени и деца – им наоѓа адвокати и пишува за нив. Таа била апсена неколку пати, 4 месеци лежела во самица, пишуваат следбениците на Фариде.

-Таа е храбра дама. Ќе мора да трпи угнетување затоа што зборуваше за поддршка на слободата и хуманоста!, реагираат поддржувачи на Фариде на социјалните мрежи.

Пред да биде уапсена таа објави порака за спас од режимот.

„Слободен свету, биди со нас. Порачајте им на своите влади да престанат да го поддржуваат овој смртоносен режим кој убива деца. Овој режим не е верен на ниеден верски принцип и не познава никакви правила, освен сила и одржување на власт“, порачала Морадкани во своето видео.

Махмуд Морадкани, брат на Фариде, на Твитер напиша дека таа била уапсена на 23 ноември откако отишла во канцеларијата на обвинител по добиена покана.

Братот на Фариде денеска објави видео на Јутјуб каде што таа го осудува „јасното и очигледно угнетување“ на кое Иранците биле изложени и ги повикала странските влади да ги прекинат сите врски со Техеран.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....