08:44 - 31 јануари, 2026

Кој е Игор Дрвенкар, наследникот на Аки во „Парни Ваљак“? Миленик на театарските мјузикли, препознатлив по рапавиот глас и убавец за тинејџерките

Легендарниот бенд повеќе од една година е без својот сакан фронтмен, ненадејно починатиот Аки Рахимовски. Во музичките кругови се шушка дека Хусеин Хасанефендиќ Хус повторно го обединил бендот и дека младиот пејач Игор Дрвенкар им се придружил на проби.

Имаше многу шпекулации за продолжување на работата на бендот и за можниот нов вокал на Парни Ваљак. Најпрвин како можен нов пејач се споменуваше Кики Рахимовски, чиј глас силно наликува на неговиот татко Аки. Тогаш како можна замена се разговараше и за Филип Рудан, миленик меѓу тинејџерките. Но, Хусеин Хасанефендиќ Хус никогаш не избрзал со изјави за тоа што ќе се случи со бендот во иднина или кој би можел да го наследи Аки.

Сега е познато дека во иднина на сцената со Парни Ваљак како главен вокал ќе го гледаме Игор Дрвенкар, а групата ќе настапува под наслов ‘Parni valjak feat. Igor’.

Но кој е Игор?

Станува збор за перспективен 31 годишен пејач кој публиката го памети по впечатливите настапи во омилената хрватска емисија „А страна“ (која се емитува на ХТВ).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IGOR DRVENKAR (@igor_drvenkar)

Препознатлив е по „рапавиот“ гласот,а во музичките води е од средно училиште кога го имаше својот прв бенд „Откажани лет“, но како официјален почеток го смета освојувањето на Првата награда од публиката и втората награда од жирито на музичкиот фестивал во Михољанац во 2008 година.

Во 2012 година ја доби наградата за најдобар млад кантавтор, а една година подоцна на Рок академијата завршил снимање и продукција на звук.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IGOR DRVENKAR (@igor_drvenkar)

Настапувал и во театарски претстави, претежно во мјузикли.

Но познат е и по компонирање на театарска музика, и аранжирање, така негова музика е за преставата „Трешњалод“ и „Карло и дјед“.

Од 2015 до 2015 беше фронтмен на бендот Геа, со кој сними авторски албум.

Моментно настапува како соло изведувач.

Слични објави

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

(Фото) Азис позираше со сопругот: „Ви посакуваме среќа на сите“

E.A.

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо
Се вчитува....