20:11 - 2 април, 2026

Кина откри коронавирус во смрзнати производи на пазар во Пекинг: Залихите отстранети, фрижидерите дезинфицирани

Најголемиот кинески пазар на прехранбени производи, „Синфади“ во Пекинг, прекина со продажба и складирање на разладено и смрзнато месо и морска храна, поради новооткриените случаи на коронавирус поврзани со овој вид храна.

Британските медиуми, повикувајќи се на кинески портали, пренесуваат дека на пазарот „Синфади“ ги отстрани производите, дезинфицира над 100 фрижидери и ја исклучи електричната енергија во нив.

Раководството на пазарот наведува дека ќе спроведува дневни прегледи во магацините и ладилниците за овошје и зеленчук.

Одлуката е донесена откако неколку работници кои ракувале со замрзнати производи во градовите Кингдао и Тијанџин се заразиле со коронавирусот, иако во Пекинг досега немало локална трансмисија на вирусот.

Кина го засили тестирањето на замрзна храна, откако во неколку наврати беше откриено дека коронавирусот се наоѓа во производите и во нивната амбалажа, што резултира со масовно тестирање на храната и персоналот.

Слични објави

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо
Се вчитува....