17:18 - 9 февруари, 2026

„Ким Кардашијан не го уништи фустанот на Мерилин“: Кустосите го бранат музејот!

Според Ripley’s Believe It or Not Museum, каде се чува контроверзниот и скапоцен фустан на Мерлин Монро, Ким Кардашијан не е виновна и фустанот веќе е во иста состојба вратен како што бил земен.

Откако неодамна повторно се разгореа полемиките на социјалните мрежи, со објавувањето на фотографиите од фустанот на Мерлин Монро од страна на некои корисници на Инстаграм, пред и потоа – откако Ким Кардашијан го облече за да направи триумфално појавување на Мет Гала, кустосите од музејот кој е сегашен сопственик на скапоцениот фустан, се обидуваат да ја одбранат и Ким и музејот.

Верни на нивното име „Верувале или не“, кустосите на музејот, кои бесплатно и го позајмија фустанот на Ким Кардашијан, во замена за две донации во добротворна организација по нивен избор, објавија соопштение на својата веб-страница, придружено со фотографии од Кардашијан која се вратила да го посети „местото на злосторството“ на 26 мај, во кое се вели (го преведуваме најзначајниот дел):

„Тоа што Ким Кардашијан го носеше фустанот „Хепи брдеј“  е жестоко оспорувано, но останува фактот дека таа на ниту еден начин не го оштети фустанот во краткото време што го носеше на Мет Гала.“

Аманда Џонс, менаџерката на музејот, која цело време беше со Кардашијан и фустанот, додава: „Од почетокот на скалите на Мет, каде што Ким го облече фустанот, до врвот, каде што го врати (потоа облече копија)  фустанот беше во истата состојба во која беше земен“.

Музејот „Рипли верувале или не!“ не е првиот сопственик на овој фустан. Купен е на аукција на Julien’s во 2016 година за 4 милиони и 800.000 долари. Во раната проценка на фустанот од 2017 година се вели: „голем број на шевови се излитени и истрошени, што не е изненадувачки со оглед на деликатноста на материјалот, и има набори на грбот“.

Слични објави

(Фото) Не ја кријат романсата: Ким Кардашијан и Луис Хамилтон разменија нежности на Супербоул

Еспресо

Пред годишнината од смртта на Саша Поповиќ откриена вистината за односот со Лепа Брена: „Таа имаше своја…“

Еспресо

Наташа Алимпиќ открива: „Харис е женкар, но знае како да ги угоди – сега сум љубоморна и лута на него“

Еспресо

Одреден притвор за тројцата осомничени за фрлањето бомба врз куќата на Здравко Чолиќ

Еспресо

Емина Јаховиќ откри како се чувствува Милица Тодоровиќ: „Тука сум за неа, како колешка и пријател“

Еспресо

Симона Манојловиќ е новата Мис на Србија: Прекрасната новосаѓанка ја освои титулата

Еспресо
Се вчитува....