Документарниот филм посветен на животот и кариерата на Саша Поповиќ предизвика силни емоции кај публиката, а најмногу внимание привлече појавувањето на неговата ќерка Александра.
Во искрена и потресна исповед пред камерите, таа со солзи во очите зборуваше за болката што ја чувствува поради неговото отсуство во идните семејни моменти.
„Многу ми е жал што нема да биде со нас во некои моменти – за Нова година, кога јас ќе се омажам, кога ќе го добијам првото дете“, едвај изусти таа, обидувајќи се да ги сопре солзите.
Александра призна дека неа и семејството најмногу ги боли тоа што Поповиќ не доживеал да стане дедо – желба која, според неа, му била една од ретките неостварени во животот.
„Жал ми е што никогаш нема да може да ги запознае своите внуци. Како што беше најдобар татко на светот, така ќе беше и најдобар дедо“, рече таа низ солзи.
Во продолжение додаде дека за неа неговата слава никогаш не била важна.
„Тоа дали е познат или не, за мене ништо не значи. За мене значи само тоа што секогаш беше тука за мене и што беше најдобриот татко на светот“, порача Александра.
