Драган Којиќ Кеба е еден од оние пејачи кои не ги покажуваат своите емоции туку така. Тој генерално е секогаш насмеан, дотеран и весел пред камерите, но сега имаше момент кога пејачот ги покажа своите емоции и се расплака среде емисија.
Имено, на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, каде што пејачот е член на жирито, во последната емисија, кандидатка ја отпеа песната „Зошто мајко не си вечна“.

Допрен од емоцијата што ја донесе младата натпреварувачка на сцената, Кеба веднаш објасни зошто толку многу плачел по настапот. Не криеше дека песната го погодила на најболното место, па ѝ се обрати на кандидатката полна со емоции.
– Ме скрши на парчиња, тоа се некои мои причини, но навистина ме допре, беше навистина емотивно. Ме воодушеви – рекол Кеба, не криејќи колку му се допаѓа оваа песна.
Додека Кеба ронеше солзи, неговиот колега Ѓорѓе Давид го тешеше.
