18.8 C
Скопје
05:22 - 28 август, 2026

Каспер одговори на прозивките на Зорица Марковиќ дека му е „морничаво“ лицето

Пејачката Зорица Марковиќ во едно интервју го коментираше вереникот на Мина Костиќ, Мане Ќурувија Каспер, и притоа немаше пофални зборови за него.

Како што наведе пејачката, воопшто не ѝ се допаѓа вереникот на нејзината колешка, а по нејзините зборови Каспер брзо ѝ одговори.

„Мина секогаш е некаде тука, а никаде ја нема. Одамна не снима, убава жена, убаво пее. Мене овој човек не ми се допаѓа, неговото лице нешто ми кажува, нека е жив и здрав, им посакувам среќа ако се вљубени. Многу чудно ми изгледа неговото лице, ладно е, не знам, ми предизвикува морници. Тој доминира во сите емисии“, изјавила Зорица за Каспер.

Таа продолжила:

„Им посакувам да го остварат тоа што го замислиле, сето тоа е убаво, би сакала, но баш и не верувам многу. Ако сакаш една жена и си дошол тука, зошто би се враќал таму? Не знам дали Мина го знае неговиот статус, можеби има жена, деца… Замина, дали ќе се врати или не, ќе видиме. Или оставаш сè и доаѓаш кај жената што ја сакаш, или таа оди таму. Жал ми е, Мина е добар човек, но е многу наивна. Се надевам дека повторно нема да доживее фијаско“, заклучила пејачката за „Блиц“.

Потоа, вереникот на Мина се огласи од Америка преку Инстаграм.

„Кога прашав каква е Зорица, Мина ми рече: ‘Љубов, таа прва ќе ти се извини кога ќе те запознае. Немој да ѝ замериш. Зорица е таква, јас ја сакам и секогаш ме засмејува.’

П.С. Зорице, на мојата жена ѝ верувам  сè, така што ништо не ти замерувам. Сè најдобро и да си ни жива и здрава“, ѝ порача Каспер директно на пејачката.

Слични објави

(Фото) Знае како да се разлади на горештините – Ѓани ужива во базенот со сопругата Слаѓа

Еспресо

(Видео) Ја оправда титулата „вечен заводник“ – Здравко Чолиќ ѝ запеа на уво на обожавателка

Еспресо

Ана Бекута со првиот сопруг помина повеќе од деценија, а еве што беше по професија

Е.А.

Џина Џиновиќ откри детали од патувањето во Грција со Мајка ѝ и очувот

Е.А.

Марко Марк замина на Бали: Ова е местото каде што се открив себеси

apostolova

Мелина Џиновиќ направила скандал во Монте Карло поради чанта во престижен бутик: „Почна да вика, колешката поради голем стрес мораше да земе боледување“

Т.Ц.
Се вчитува....