16:00 - 5 декември, 2025

„Карлеуша не доаѓа веќе тука“: Соседите коментираат за заладените односина Јелена и Душко

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Душко Тошиќ и покрај успехот и луксузот никогаш не заборавил од каде доаѓа, па пред неколку години изградил луксузен имот во родниот Орловат кај Зрењанин, кој им го подарил на родителите.

Душко и мајка му, инстаграм

Но, неговата мајка Николета, по смртта на нејзиниот сопруг Милорад во 2018 година, остана да живее на стариот семеен имот, кој се наоѓа спроти новата куќа на нејзиниот син.

Екипата на српски „Курир“ разговараше со поранешните соседи на поранешниот фудбалер, сега успешен менаџер, за Душко и за неговата мајка, за која тој и неговата сестра Катарина се исклучително приврзани.

– Душко овде не го гледаме толку често како порано, кога редовно доаѓаше. Тој е многу културен млад човек, кој не се срами од своите корени и местото од каде што дошол. Отсекогаш бил добро дете и така остана. Нормален и убав човек. Секогаш кога доаѓа да ја посети мајка си, редовно ни се јавува на сите и имаме краток разговор. Тој доаѓа на големи празници, а исто така и неговата сестра Катарина. Често ги носи и ќерките, тие обожаваат да поминуваат време овде со баба им на село. Нема ништо поубаво од тоа, изјавија жителите на Орловат.

Како што дознава српски Курир, од продавачка во локална продавница, мајката на Душко, Николета, живее во куќата спроти куќата на нејзиниот син, на стариот семеен имот и често го посетува неговиот имот за да се увери дека се е во ред.

Иако Душко и неговата се уште официјална сопруга Јелена Карлеуша беа една од главните теми во медиумите во последните недели, откако се појавија неговите преписки со Северина, како што објасниле соседите на Тошиќ, неговата мајка никогаш не сакала да го коментира бракот на нејзиниот син.

-Николета никогаш не се мешала во бракот на нејзиниот син, ниту пак сакала да го коментира за медиумите Душковиот живот или воопшто животот на снаата. Таа е жена која се грижи за сопствената работа, за нејзиниот имот. Таа е многу скромна и фина. Најважно и е децата да и се среќни, а таа никогаш не се мешала во нивните одлуки, па нема да се меша ни сега. Сите ние многу ја почитуваме овде во селото, рече еден соговорник.

Новинарите ги интересирало и дали неодамна во нивното село имале можност да ја видат сопругата на Душко, Јелена.

-Додека беа во добри односи ги собираа децата, а сега тоа го прави само Душко. Јелена сакаше да доаѓа овде и да поминува малку време во природа со семејството на нејзиниот сопруг. Да ви кажам искрено, не се сеќаваме кога последен пат сме ја виделе овде. Мора да е тоа пред повеќе години, додаваат тие.

Соседите на Тошиќ се осврнаа и на „аферата Северина“, која настана кога хрватската пејачка на Јелена ѝ испрати приватно писмо од кое се гледа дека Душко се обидел да флертува со неа. Сметаат дека медиумите го претерале целиот случај.

– Медиумите сакаат тоа малку да го напумпаат. Мислиме дека Душко немал намера да ја заведе Северина. Гарантираме дека е добар човек и немаме причина да мислиме поинаку, заклучиле соговорниците.

Викендов во Вишни и во Охрид: Канонизација на светите Спаса и Спасе Вишенски

Слични објави

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin
Се вчитува....