20:04 - 24 февруари, 2026

Калиопи првпат откри какви непријатности имала на Евровизија: Го смени имиџот и ја отвори душата

Калиопи комплетно го промени имиџот и ја отвори душата за една непријатна случка која досега не ја рекла јавно. Нашминкана и со фризура како светска музичка ѕвезда за настап во Тирана, Албанија, Калиопи откри:
– Синоќа во Тирана, на прекрасниот фестивал @kengamagjikeofficial ја изведов премиерно првичната верзија на песната „Казна“, која што беше реализирана во 2016 година заедно со песната „Дона“. И двете беа песни кандидатки за тогашната Евровизија во Стокхолм.
Фото / Инстаграм
Ромео како продуцент и автор на музиката и аранжманите на двете песни, инсистираше да ја изведам „Казна“ во Столкхом, Шведска. Додека пак, јас како автор на текстовите на двете песни, од емотивни причини, инсистирав да ја пеам „Дона“.
Иако е правило кај нас, продуцентот да го има последниот збор, сепак, тогаш Ромео попушти на моите зборови. “Дозволи ми барем еднаш од емотивни причини да биде по мое..’, и остави да биде по мое…
По сите случувања (непријатности) кои ги доживеавме на таа Евровизија, 2016, за кои малкумина знаат, ми требаше доста време за да си признаам дека ќе беше подобро да го послушав него – да ја испеев оваа песна која е чист „Piece of art“…
Сигурно ќе си заминев дома со помирно срце… Минатата година „Казна“ ја снимивме во нов аранжман на Ромео Грил, за мојот албум „АЛБУМ“, заедно со мојот прекрасен Слаткаристика и така песната заживеа.
Но, секогаш ме пратеше чувството дека сум ѝ должна на првичната верзија да ја изведам некогаш на некоја голема сцена… И така, тоа вчера се случи, во Тирана…
На покана на мојот драг пријател @arditgjebrea да бидам член на интернационалното жири на фестивалот, повод големиот 25 години јубилеј и да настапам како специјален гостин во финалето на фестивалот, одлучив овој настап да му го посветам токму нему, на Ромео.
Бидејќи никогаш не погрешил ниту во одлука, ниту во избор, кога е музиката во прашање. Респект маестро! – напиша Калиопи во оваа објава.

Слични објави

Кеба ја откри тајната на здравјето: Секое утро зема „природен антибиотик“ од манастир

Еспресо

Сузана Манчиќ се сели од својот стан од 175 квадрати во Белград: „Стана неподносливо!“

Еспресо

(Фото) Поранешна хрватска мис со објавата за борбата со ракот ги растажи сите

Еспресо

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на синот на Драгана Мирковиќ, неговиот татко јавно му се обрати

Еспресо

Поднесени 3 кривични пријави против Десингерица откако на настапот во Врање донел живо јагне

apostolova
Се вчитува....