6.8 C
Скопје
05:14 - 31 март, 2026

Изгубивме силна жена со моќен глас – почина Анастазија Низамова Мухиќ

Првенката на Македонската опера и балет, Анастазија Низамова Мухиќ, почина денеска, информираше Националната опера и балет.

Анастазија Низамова беше една од водечките имиња на македонската оперска сцена.

Дипломирала соло-пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф.Коста Трпков, а подоцна специјализирала во Италија.

На оперската сцена на МНТ дебитирала со улогата на Ненси во операта „Алберт Херинг“, а официјално се вработува во 1972 година. Во текот на 70-тите години, Анастазија Низамова го презема речиси целиот мецосопрански фах, суверено интерпретирајќи повеќе од 20 главни и споредни улоги од својот фах, во кои манифестира извонредни гласовни квалитети и префинето чувство за артизам.

Од позначајните улоги, се издвојуваат Кармен во истоимената опера, Амнерис во „Аида“, Мадалена во „Риголето“, Адалџиза во „Норма“, Орфеј во „Орфеј и Евридика“, Розина во „Севилскиот бербер“, Улрика во „Бал под маски“, Еболи во „Дон Карлос“, Лола во „Кавалерија Рустикана“, Ирена во „Цар Самоил“, Чипра во ,,Баронот циганин” и многу други.

Анастазија Низамова ќе остане запаметена и како чест изведувач на концертниот подиум, реализирајќи повеќе соло-рецитали и настапувајќи во повеќе вокално-инструментални дела. Покрај оперската музика, таа, со особено изразен темперамент се јавува и како интерпретатор на многубројни џез-композиции и спиритуали.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....