02:42 - 12 април, 2026

Избори во Франција: од келнерка до пратеничка, неверојатниот подем на Рејчел Кеке

48-годишната Рајчел Кеке, по потекло од Брегот на Слоновата Коска, Французинка од 2015 година, на паламентарните избори во Франција ја победи со неколку гласови повеќе Роксана Марасинеану, поранешна министерка на Макрон.

Меѓу неочекуваните резултати на француските парламентарни избори кои го редизајнираа Националното собрание, е и изборот на пратеничката Рејчел Кеке, келнерка на хотелот Ibis Clichy-Batignolles, во северниот дел на Париз, избрана под боите на „Нупе“ – новиот еколошки и социјален народен сојуз.

48-годишната Рајчел, по потекло од Брегот на Слоновата Коска, Французинка од 2015 година, ја победи поранешната министерка на Макрон, Роксана Марасинеану, со неколку гласови.

Родена во 1974 година во Абобо, северно од Абиџан и мајка на пет деца, таа пристигна во Франција во 2000 година. Се прослави како бранител на правата за време на долготрајниот протест на собарките на хотелите во Париз помеѓу 2019 и 2021 година. Како синдикалка, таа ги мобилизираше своите колеги цели 22 месеци барајќи подобри плати и подобри услови за работа. Таа се нарекува себеси „воин“ и има намера да крева врева во Парламентот.

„Од вечерва сум пратеничка, ме избраа за пратеничка. Не можам ни да го кажам, пра-те-ни-чка. Јас сум гласот на безгласните. Јас сум келнерка, собарка, службеник за обезбедување, негувателка. Претставничка на сите овие невидливи занаети. И во Националното собрание овие занаети ќе станат видливи “, рече таа возбудено откако дозна за победата. 

Во нејзината програма, Рејчел ги презема главните столбови на Нупе, како што е зголемувањето на минималната плата и замрзнувањето на цените на основните производи.

 

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....