7.8 C
Скопје
00:01 - 31 март, 2026

Италијанскиот премиер Марио Драги вечерва ќе поднесе оставка, се отвора владина криза

Падна италијанската влада. Италијанскиот премиер Марио Драги во Советот на министри најави оставка. Се отвора владина криза.

Марио Драги најави дека вечерва ќе му ја достави оставката на претседателот на Републиката, пренесуваат италијанските портали.

„Вечерва ќе ја поднесам мојата оставка до претседателот на републиката“, рече Драги на владата, се вели во соопштението објавено од неговиот кабинет.

Гласањето за доверба стана точка на тензија во владата на Драги.

Драги i претходно изјави дека ќе се повлече доколку движењето „Пет ѕвезди“ се повлече од неговата коалиција и ги повика партиите што го поддржуваат да престанат да поставуваат „ултиматуми“ до неговата влада.

Одлуката на премиерот доаѓа на крајот на драматичниот ден, обележан со вчерашната најава на М5С на Џузепе Конте да не гласа за доверба на владата, изјава која се материјализираше денеска на седницата на Палацо Мадама.

Сепак, не сите се задоволни од оставката на премиерот.

„Италија не може без Марио Драги. Мораме да ја завршиме работата започната пред 17 месеци. Не можеме да ги загубиме, во такви тешки моменти, кредибилитетот и довербата стекнати во Европа и во светот“, на Твитер напиша министерот за јавна администрација Ренато Брунета.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....