9.8 C
Скопје
20:45 - 16 март, 2026

Интимна семејна приказна раскажа Татјана, сестрата на Игор Џамбазов: Мајка ми многу ми се налути…

Татјана Џамбазова, архитектката која живее во Америка, сестрата на Игор Џамбазов си ја отвори душата за своите покојни родители Александар Џамбазов и Анче Џамбазова и раскажа интимна семејна приказна.

„Ако е точно дека си ги одбираш родителите, ќе ги одберам уште 100 пати ако сум родена. Мама поправаше сѐ , мама молерисуваше, телевизор ќе се расипе, таа работеше сѐ, тато беше еден изгубен уметник.

Маестро Александар Џамбазов Фото/ Фејсбук принтксрин

Приказни за него колку има“, рече Татјана во подкастот на Стефан Лазаров, а потоа додаде:

„Јас си имам добиено папучи од мајка ми. Еднаш многу се налути зашто заборавив ѝ да ѝ кажам дека после школо ќе одам кај другарка ми.

Мислам дека навистина нѐ научија да водиме сметка за работи кои се важни, и да не ни се важни брендови, да не ни се важни материјални работи во животот. Се сеќавам секогаш тоа ми беше драма кога бев мала, сите мои другарки имаа Levis фармерки, јас имав Рашица. Леле драми!

Актерката Анче Џамбазова Фото/ Фејсбук принтксрин

Ама, мама и тато навистина без шега нѐ научија дека ништо тоа не значи. Јас мислам дека тие се обидуваа додека бевме на одредена возраст, да видат дека разбарвме, и дека сега може да ни веруваат.

Семејствата Џамабзови и Прличкови на одмор во Охрид Фото/ Фејсбук принтксрин

И знам дека беа многу построги од луѓе со кои израснав, нив ги пуштаа да одат во ‘Мусандра’, јас немаше шанси да одам во ‘Мусандра’. Имаше шанса да влезам без да знаат. Ама, ако рекле мама и тато не може- не може.

И после тоа кога сфатија дека сме на добар пат, после тоа нѐ пуштаа многу повеќе од други луѓе“, рече Татјана Џамбазова.

Татјана Џамбазова Фото/ Фејсбук принтксрин

 

Слични објави

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

Гоца Тржан јавно ѝ призна на хрватската пејачка: Со години те гледам гола и се „палам“ на тебе!

Еспресо

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо

(Фото) Ова е последната фотографија од Ксенија Пајчин! 48 часа пред смртта била со овој маж, се снимале во автомобилот

Еспресо

Што мислите, колку пати луѓето вистински се вљубуваат во текот на животот?

Еспресо

„Тоа остави трага врз неговото здравје“: Соседите проговорија за Ѓани откако имаше операција на срце

Еспресо
Се вчитува....